Пријава за жена од Подмолје која со бесправна сеча го оштетила ЈП „Национални шуми“ за 142.170 денари
СВР Охрид поднесе кривична пријава против Р.П.(35) од селото Подмољје, општина Дебрца и против правно лице со седиште во истото село поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување”. Пријавената, во својство на сопственик и управител на правното лице, го пречекорила службеното овластување на тој начин што во шумско стопанската единица „Врбјанска шума” покрај одобрената, извршила и бесправна сеча на огревно дабово и буково дрво. Со тоа, пријавената, нананела штета на Јавното претпријатие „Национални шуми”, шумско стопанство Галичица-Охрид и се стекнала со противправна имотна корист од 142.170 денари, информира Стефан Димоски од СВР Охрид.
Извор: СВР Охрид, фото: архива
StrugaOnline

