Лев банер Десен банер

Приведен 28-годишник од Подгорци, пронајдени марихуана и муниција

Полициски службеници од криминалистичката полиција при ОВР Струга на 16 февруари 2026 година во 10:30 часот го лишиле од слобода Д.Р. (28) од струшкото село Подгорци.

Како што информираат од полицијата, при претрес во неговиот дом, извршен врз основа на судска наредба, биле пронајдени и одземени марихуана и куршуми од различен калибар.

Пронајдените предмети се одземени за понатамошна постапка, а по целосно документирање на случајот, против лицето ќе бидат поднесени соодветни пријави, информира Стефан Димоски од СВР Охрид.

Извор: СВР Охрид, фото: архива

StrugaOnline

error: