Приведен 32-годишник од Мешеишта по напад со дрвен предмет во угостителски објект
На 29.06.2026 во 01:10 часот во село Мешеишта, општина Дебрца, полициски службеници од СВР Охрид го приведоа К.Ѓ.(32) од истото село. Тој претходно, во угостителски објект во Мешеишта физички и со дрвен предмет, ги нападнал Љ.Ѓ.(57) од Мешеишта и А.С. од струшкото село Враништа, а потоа надвор од објектот оштетил патничкo возило „фолксваген” со струшки регистарски ознаки. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Извор: СВР Охрид, фото: архива
StrugaOnline

