Лев банер Десен банер

Приведен 47-годишник од Октиси, пронајдена марихуана при сообраќајна контрола

На 10 февруари 2026 година во 18:15 часот, на локалниот пат помеѓу струшките села Велешта и Октиси, полициски службеници од ОВР Струга го лишиле од слобода С.А. (47) од селото Октиси.

Како што информираат од полицијата, при редовна сообраќајна контрола било сопренo патничко моторно возило „пежо“ со струшки регистарски ознаки, кое го управувал приведениот. При извршен преглед, кај него била пронајдена и одземена марихуана.

По целосно документирање на случајот, против лицето ќе биде поднесена соодветна пријава, информира Стефан Димоски од СВР Охрид.

Извор: СВР Охрид, фото: архива

StrugaOnline

error: