Приведен охриѓанец за агресивно однесување и закани на 38-годишна жена од Охрид
На 15.01.2026 во 14:40 часот на булеварот „Македонски просветители” во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид го лишија од слобода Г.А.(49) од Охрид, постапувајќи по претходна пријава дека подолг период агресивно се однесувал и упатувал закани на 38-годишна жена од Охрид. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, информира Стефан Димоски од СВР Охрид.
Извор: СВР Охрид, фото: архива
StrugaOnline

