Приведен скопјанец, со 1,62 промили алкохол го нарушувал јавниот ред и мир на патот Струга–Дебар
На 13.07.2026 во 18:45 часот, на магистралниот пат Струга- Дебар, во близина на Струга, приведен е Г.А.(22) од Скопје, кој под дејство на алкохол го нарушил јавниот ред и мир со викање и непристојно однесување. По извршено алкотестирање, кај него биле констатирани 1,62 промили алкохол во крвта. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Извор: СВР Охрид, фото: архива
StrugaOnline

