Приведен стружанец кој извршил тешка кражба во продажен објект во Струга

На 18.12.2024 во 00.55 часот на улица „Едвард Кардељ” во Струга, полициски службеници од ОВР Струга го лишија од слобода К.Т.(42) од Струга, кој претходно извршил тешка кражба во продажен објект во Струга.
Кај него биле пронајдени одземените производи и биле вратени на сопственикот на објектот.
По целосно документирање на настанот, ќе биде поднесена соодветна пријава.
Извор: СВР Охрид, фото: архива
StrugaOnline

