Приведен жител на Подгорци кој се однесувал агресивно кон персоналот во локално казино

- Локални, Хроника
752

На 24.02.2025 во 00.30 часот пред казино на улица „Маркс и Енгелс” во Струга, полициски службеници од ОВР Струга го привеdoa Р.З.(47) од струшкото село Подгорци затоа што претходно во казиното го нарушил јавниот ред и мир со агресивно однесување кон персоналот и другите присутни во објектот.

По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Извор: СВР Охрид, фото: архива

StrugaOnline

Facebook Коментари