Лев банер Десен банер

Приведен жител од струшкото село Долна Белица, во неговиот дом пронајдени 388 парчиња различни пиротехнички средства кои нелегално ги поседувал

На 08.12.2025 во 17:00 часот во струшкото село Долна Белица, полициски службеници од ОВР Струга го лишија од слобода А.М.(34) од истото село. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, полициските службеници пронајдоа и одзедоа 388 парчиња различни пиротехнички средства, кои нелегално ги поседувал. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, информира Стефан Димоски од СВР Охрид.

Извор: СВР Охрид, фото: архива

StrugaOnline

error: