Приведено лице од Албанија, бил затекнат со возило без регистарски ознаки како врши нелегален транспорт на огревно дрво без жиг и документација
На 16.11.2025 во 21:00 часот во близина на струшкото село Радолишта, полициски службеници од Полициската станица за Граничен надзор Франгово го приведоа О.Ц.(20) од Република Албанија. Тој претходно нелегално ја преминал македонско-албанската државна граница и бил затекнат како со патничко возило „сузуки” без регистарски ознаки врши нелегален транспорт на огревно дрво без жиг и без да поседува соодветна документација.
По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава., информираат од СВР Охрид.
Извор: СВР Охрид, фото: архива
StrugaOnline

