Приведено лице од Ливада, возел со брзина од 104 километри на час на место каде максимално дозволената брзина е 50 километри на час
На 28.12.2025 во 13:33 часот на магистрален пат во селото Мислешево, струшко, полициски службеници од ОВР Струга го лишија од слобода В.Л.(41) од селото Ливада, струшко. При контрола со радар е констатирано дека управувал патничко возило „ауди” со швајцарски национални ознаки со брзина од 104 километри на час на место каде максимално дозволената брзина е 50 километри на час, информира Стефан Димоски од СВР Охрид.
Извор: СВР Охрид, фото: архива
StrugaOnline

