Приведено лице од Октиси, и го одзел личниот накит на женско лице од селото Делогожда, струшко
На 16.11.2025 во 17:00 часот во ОВР Струга, полициски службеници од ОВР Струга го лишија од слобода К.Р.(33) од струшкото село Октиси, постапувајќи по претходна пријава дека околу 16:30 часот на улицата „Маршал Тито” во Струга со употреба на физичка сила ѝ го одзел личниот накит на Е.Ш.(21) од селото Делогожда, струшко.
По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од СВР Охрид.
Извор: СВР Охрид, фото: архива
StrugaOnline

