Приведено лице од Октиси за нанесување повреда со возило на лице од истото село

- Локални, Хроника
460

На 21.06.2025 во 22.05 часот во с.Октиси, струшко, полициски службеници од Полициската станица Струга -Полициско одделение Велешта го лишиле од слобода А.А.(28) од с.Октиси. Тој се сомничи дека околу 20.15 часот во с.Октиси со патничко возил „фиат пунто“ со струшки регистарски ознаки, кое го управувал, го удрил А.У.(21) од с.Октиси и му нанел повреди констатирани во медицинска установа.

По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Извор: СВР Охрид, фото: архива

StrugaOnline

Facebook Коментари