На 25.07.2025 во 00.30 часот, полициски службеници од полициското одделение во струшкото село Велешта од слобода го лишија М.М.(19) од струшкото село Подгорци затоа што агресивно се однесувал кон нив откако при контрола го затекнале како управува моторцикл со измината важност на сообраќајните документи.
По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Извор: СВР Охрид, фото: архива
StrugaOnline
Facebook Коментари