Пронајдена и одземена марихуана кај лице од струшко Подгорци

- Локални, Хроника
646

На 16.04.2025, полициски службеници од ОВР Струга го лишија од слобода Д.Р.(27) од струшкото село Подгорци.

При претрес неговиот дом во селото, извршен со судска наредба, била пронајдена и одземена марихуана.

По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Извор: СВР Охрид, фото: архива

StrugaOnline

Facebook Коментари