Пронајдена стара гранатa во струшко Калишта

- Локални, Хроника
248

На 28.04.2025 во 11.20 часот во ОВР Струга е пријавено дека екипа на ЕВН Македонија, при изведување работи во атарот на струшкото село Калишта, пронашла стара граната.

Од извршениот увид констатирано е дека се работи за артилериски проектил од Првата светска војна, калибар 105 милиметри и една чаура со каписла калибар 105 милиметри.

Пронајдените предмети безбедно се подигнати од овластени претставници на Дирекцијата за заштита и спасување за натамошна постапка.

Извор: СВР Охрид, фото: архива

StrugaOnline

Facebook Коментари