Повик за протест се шири на социјалните мрежи две дена откако на пешачки премин во центарот на Скопје беше прегазена 22годишната Фросина Кулакова.
Граѓани повикуваат на протест од 13 часот на местото на несреќата на булеварот Партизански одреди (кај Универзална сала).
Мирен протестен собир ќе има и во Неготино, родниот град на младата Фросина.
Настанот ќе започне во 15 часот на градскиот плоштад во Неготино, и е спонтано организиран од граѓани, кои сакаат да и оддадат чест на Фросина.
Судија на претходна постапка вечерва му одреди 30-дневен притвор на момчето кое синоќа, во алкохолизирана состојба и без возачка дозвола, ја прегази 22-годишната Фросина Кулакова на булеварот „Партизански одреди“.
Обвинителството соопшти дека 20-годишникот возел автомобил марка „Пежо 207“, сопственост на неговиот татко, под дејство на алкохол (0,82 промили во урина) и со голема брзина поминал на црвено светло. Тој не ја приспособил брзината на движење и удрил во младата девојка на обележаниот пешачки премин, која починала на самото место.
Facebook Коментари