Со автомобил удрен пешак на магистралниот пат Ќафасан – Подмоље

- Локални, Хроника
645

Денеска (16.01.2025) во 01.50 часот, во полициската станица Струга пријавено е дека на магистралниот пат Ќафасан – Подмоље, патничко возило „ауди“ со струшки регистарски ознаки, управувано од О.Н.(32) од с.Драслајца, струшко, удрило во пешакот Б.Т.(36) од Охрид.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот, констатирани во Специјалната болница „Св.Еразмо“ во Охрид.

Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Струга.

Извор: СВР Охрид, фото: архива

StrugaOnline

Facebook Коментари