Сообраќајка кај Горенци, нема потешко повредени лица
Сообраќајна незгода во која учествуваа две возила се случи вечерва, нешто после 19:00 часот на магистралниот пат Охрид-Кичево, во непосредна близина на селото Горенци.-пренесе ОхридПрес.

Во незгодата учествувале помал автобус и поголемо моноволуменско патничко возило, а според првичните информации нема потешко повредени лица.
Од СВР Охрид најавија повеќе информации во текот на утрешниот ден.
Извор и фото: ОхридПрес

