На 19.11.2024 година во 09.30 часот, на магистралниот пат Охрид-Кичево, во близина на Подмоље, општина Дебрца, случена е сообраќајна незгода помеѓу патничките моторни возила „Пасат“ со струшки регистарски ознаки, управуван од С.Л.(37) од струшкото село Корошишта и „Тигуан“ со струшки регистарски ознаки, управуван од Е.Б.(26), од селото Лабуништа.
Притоа, со возачите на двете возила како и едно малолетно лице-сопатник во првото возило, се здобиле со телесни повреди, констатирани во болницата „Св.Еразмо“ во Охрид.
Увид на местото на незгодата извршија полициски екипи.
Извор: СВР Охрид, фото: архива
StrugaOnline
Facebook Коментари