Сообраќајка на регионалниот пат Ќафасан-с.Подмоље, повредено 18-годишно лице од Радолишта

- Локални, Хроника
1171

На 19.01.2025 околу 10.00 часот во ОВР Струга пријавено е дека, на регионалниот пат Ќафасан-с.Подмоље, патничко возило „пежо“ со струшки регистарски ознаки, управувано од Ф.Д.(48) од с.Радолишта, струшко, излетал од коловозот.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил сопатникот Ф.Д.(18) од селото Радолишта, констатирани во Специјалната болница „Св.Еразмо” во Охрид.

Извршен бил увид од увидна екипа на СВР Охрид.

Извор: СВР Охрид, фото: архива

StrugaOnline

Facebook Коментари