На 05.05.2025 во 15.30 часот, на локалниот пат за селото Горна Белица, струшко, патничко возило „нисан терано” со струшки регистарски ознаки, управувано од Б.Џ.(50) од с.Долна Белица, струшко, излетало надвор од коловозот.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила неговата сопатничка К.Џ.(45) од с.Долна Белица, а со телесни повреди се здобиле возачот, сопатничката М.Џ.(54) и еден малолетник, двајцата од с.Долна Белица, констатирани во Специјалната болница „Св.Еразмо” во Охрид.
Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Струга.
Извор: СВР Охрид, фото: архива
StrugaOnline
Facebook Коментари