На 18-ти март 2021 година, во 19:30 часот на регионалниот пат Струга-Дебар, кај струшкото село Велешта се случи сообраќајна незгода во која настрада едно лице.
– Во незгодата учествувало патничко возило марка „Фолксваген Голф“ со струшки регистарски ознаки, управувано од страна на 36-годишниот Б.Н. од селото Велешта, удрил во пешакот, 49-годишниот Т.К. од селото Подгорци. На пат кон општата болница во Струга Т.К. им подлегнал на повредите. На местото на незгодата увид извршија јавен обвинител и полициски екипи, информираат од СВР Охрид.
Извор: СВР Охрид
Facebook Коментари