На 24.12.2017 година во 00:40 часот на регионалниот пат Р-1201 во с. Велешта-Струга, се случила сообраќајна незгода помеѓу возило „Голф“ со струшки регистарски ознаки управувано од Н.Н.(21) од с. Велешта, и возило „БМВ“ исто така со струшки регистарски ознаки управувано од Џ.Ш.(45) од с. Велешта. Во незгодата возачот на „Голф-от“ се здобил со тешки телесни повреди, а поради сериозноста на повредите со возило на итна медицинска помош е префрлен во болницата Св. Еразмо, каде е задржан на лекување. Увид на лице место извршила екипа од Полициска станица Струга.
Извор: МВР / StrugaOnline
Facebook Коментари