Сообраќајна несреќа на регионалниот пат Охрид-Струга
На 25.09.2025 во 08:35 часот во ОВР Струга е пријавено дека на регионалниот пат Охрид-Струга се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „мерцедес” со струшки регистарски ознаки, управувано од Р.М.(83) од с.Калишта, струшко и товарно возило „застава” со охридски регистарски ознаки, управувано од Ф.Т.(72) од Охрид.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил Р.М., констатирани во Специјалната болница „Св.Еразмо” во Охрид. Извршен е увид од увидна екипа од ОВР Струга.
Извор: СВР Охрид, фото: архива
StrugaOnline

