Сообраќајна незгода во Драслајца, пет лица се повредени

На 04.07.2019 година околу 04.00 часот во струшкото село Драслајца, Д.Н.(25) од Струга, управувајќи патничко возило „БМВ“ со струшки регистарски ознаки, изгубил контрола, излетал од патот и удрил во железна ограда. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобиле сопатниците И.С.(20) од село Драслајца и К.М.(25) од селото Мислешево. Тие биле пренесени во болницата во Струга. Во незгодата, со телесни повреди се здобиле возачот Д.Н.(25) и сопатниците А.К.(18) и К.К.(19), двете од селото Мороишта. Увид на местото извршила екипа од полициската станица Струга.
Извор: СВР Охрид
фото: aрхива

