Струшко возило се запали на патот Ресен-Охрид
Автомобил марка „Пежо“ со струшки регистарски таблички, попладнево нешто после 12:00 часот се запали во близина на селото Крушје, на патот Ресен-Охрид.- пренесе Тв Тера.

Според информациите кои ги објави Тв Тера, на лице место интервенирала локалната противпожарна единица, а од СВР Битола информираат дека во инцидентот нема повредени лица.
Извор и фото: ТВ Тера

