Стружанец повреден во сообраќајка на магистралниот пат Кичево-Охрид

- Локални, Хроника
1008

На 12.02.2025 во 14.05 часот во СВР Охрид било пријавено дека на магистралниот пат Кичево-Охрид, кај девијација с.Ново Село, општина Дебрца, патничко возило „фолксваген голф“ со струшки регистарски ознаки, управувано од Д.М.(34) од Струга, излетало надвор од коловозот.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот, констатирани во Специјалната болница „Св.Еразмо“ во Охрид. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Охрид.

Извор: МВР, фото: архива

StrugaOnline

Facebook Коментари