Лев банер Десен банер

Стружанец приведен поради нарушување на јавниот ред и мир под дејство на алкохол

Полициски службеници од ОВР Струга, на 20 јануари 2026 година во 00:10 часот, на улицата „ЈНА“ во Струга, го лишиле од слобода М.Д. (35) од Струга, поради нарушување на јавниот ред и мир.

Според информациите од полицијата, лицето претходно во зграда на истата улица се однесувало агресивно и непристојно, со што ја вознемирило јавноста. По преземените мерки, кај М.Д. било извршено алкотестирање, при што било утврдено присуство на 2,28 промили алкохол во крвта.

По целосно документирање на настанот, против лицето ќе биде поднесена соодветна пријава, информира Стефан Димоски од СВР Охрид.

Извор: СВР Охрид, фото: архива

StrugaOnline

error: