Стружанец заработи кривична пријава за предизвикување пожар

- Локални, Хроника
326

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Струга поднесе кривична пријава против А.М.(43) од Струга поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „предизвикување општа опасност“.

На 08.09.2024, пријавениот на земјен пат во с.Мислешево запалил сува трева и ѓубриште и заминал од местото, а огнот се проширил и на друг плац во кој имало барака, сопственост на М.К..

Извор: МВР фото: архива

StrugaOnline

Facebook Коментари