Лев банер Десен банер

СВР Охрид: Две кривични пријави за лица од Струга и една за лице од Охрид за бесправно градење

СВР Охрид поднесе кривична пријава против В.В.(40) од Струга, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „бесправно градење“. Во текот на 2024   пријавената започнала со изведување на доградба и надградба на куќа во Струга, без да поседува одобрение за градење.

СВР Охрид поднесе кривична пријава против Б.А.(63) од Струга, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „бесправно градење“. Во текот на 2024 пријавениот започнал со градба на кат – над објектот за домување со деловен простор во Струга, без да поседува одобрение за градење.

СВР Охрид поднесе кривична пријава против С.М.(66) од Охрид, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „бесправно градење“. Пријавената, на катастарска парцела во Охрид изградила темелни траки за изградба на семејна куќа, без да поседува одобрение за градење.

Извор: СВР Охрид, фото: архива

error: