СВР Охрид поднесе кривична пријава против две лица од Охрид за дрога
СВР Охрид поднесе кривична пријава против С.Ѓ.(41) од Охрид, поради постоење основи на сомнение дека сторил кривично дело „Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“, како и против Б.П.(44) од Охрид, поради сомнение за сторено кривично дело „Овозможување на употреба на наркотични дроги“.
При претрес извршен во домот на второпријавениот, полициските службеници пронајдоа и одзедоа опојна дрога – кокаин и хероин, кои, според полицијата, првопријавениот неовластено ги набавил.
По преземените мерки и активности, двете лица беа лишени од слобода, а против нив е поднесена соодветна кривична пријава, информира Стефан Димоски од СВР Охрид.
Извор: СВР Охрид, фото: архива
StrugaOnline

