Лев банер Десен банер

СВР Охрид поднесе пријава против лице од Подмоље каде се пронајдени муниција, пушки, 488 стебла канабис, пиштол, сандак со куршуми…

СВР Охрид поднесе кривична пријава против Г.М.(48) од селото Подмољје, општина Дебрца, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“ по чл.215 и „Неовластено изработување ,држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи” по чл.396 од Кривичниот законик.

На 30.10.2025 година, при претрес во неговиот дом, извршен по судска наредба, полициските службеници, пронајдоа и одзедоа кутија со 25 куршуми и опаковка со опојна дрога Кокаин.

При претрес, извршен на 31.10.2025 по судска наредба во поранешен угостителски објект во селото Мешеишта, општина Дебрца, што тој го користел, пронајдени и одземени се вкупно 1357 парчиња муниција различен калибар, 488 стебла од растението Канабис, еден метален сандак со куршуми калибар 7,62 милиметри, два стари револвери, еден пиштол марка „VZOR” калибар 7.65 милиметри, две автоматски пушки, еден тромблонски држач, едно тело и една иницијална каписла од рачна бомба, кои, нелегално ги поседувал, информираат од СВР Охрид.

Извор: СВР Охрид, фото архива

StrugaOnline

error: