ОВР Струга поднесе кривична пријава против Х.Т.(29) од струшкото село Ложани поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи” и „фалсификување на огнено оружје”.
При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, полициските службеници од Одделението за недозволена трговија со дрога и оружје при ОВР Струга пронајдоа и одзедоа пиштол калибар 8 милиметри, автоматска пушка и една рамка со 14 куршуми, кои нелегално ги поседувал.
Извор: СВР Охрид, фото: архива
StrugaOnline
Facebook Коментари