ОВР Струга поднесе кривична пријава против А.С.(33) од струшкото село Велешта поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „тешка телесна повреда“. На 09.09.2024 во казино на улица „Марк и Енгелс” во Струга агресивно се однесувал кон вработените и гостите, а потоа пред казиното физички нападнал работник кој го обезбедувал објектот.
На 01.10.2024 во 09.50 часот, во станбена зграда на улица „Караорман” во Струга, Ј.Љ.(60) и К.С.(29), двајцата од Струга го нарушиле јавниот ред и мир со меѓусебно агресивно и непристојно однесување од. По целосно документирање на настанот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 01.10.2024 во ОВР Струга е пријавено дека, во 16 часот на улица „Моша Пијаде“ во Струга, бил нарушен јавниот ред и мир со агресивно и недолично однесување од В.К.од Струга кон С.В.(42) од Охрид. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава
Извор: СВР Охрид, фото: архива
StrugaOnline
Facebook Коментари