СВР Охрид: Утрово во каналот „Студенчишта“ Охрид е опожарен глисер

- Локални, Хроника
66

Денеска (30.06.2025 година) во 10,30 часот, во полициската станица за граничен надзор „Охридско езеро”, пријавено е дека, на пловен објект глисер кој бил во водите на Охридското езеро, кај каналот „Студенчишта”, марка  „Aquaviva 23″, сопственост на Н.С.(47) од Охрид, настанал пожар. Повредени лица нема а предизвикана е материјална штета на глисерот како и на други два глисери кои биле закотвени во негова близина.

Врз запалениот пловен објект, веднаш интервенирале припадниците на езерската полиција, на сообраќајната полиција како и припадници на армискиот центар за обука на вода кои, од глисерот го отстраниле К.П.(24) од Охрид и со соодветна опрема за гасење, отпочнале со гасење на пожарот.

Набрзо им се придружиле и пожарникарите од Територијалната противпожарна единица од Охрид со што е спречено натамошно ширење на пожарот а повикана е медицинска екипа од Итната медицинска помош.

По насоки на јавен обвинител, на местото извршен е увид во присуство на полициски службеници, претставници од охридската капетанија на пристаништа.

Глисерот е одземен за понатамошни вештачења.

Извор: СВР Охрид, фото: Охрид Прес

StrugaOnline

Facebook Коментари