Лев банер Десен банер

Три лица приведени по тепачка на „Карпош Војвода“ во Охрид

На 18 февруари 2026 година околу 21:00 часот, на улицата „Карпош Војвода“ во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид привеле три лица поради нарушување на јавниот ред и мир.

Станува збор за И.Д. (50), Ј.Н. (35) и Ф.Д. (43), сите од Охрид, кои биле приведени по претходна пријава дека учествувале во меѓусебна расправија.

Според информациите, во текот на инцидентот Ф.Д. физички го нападнал Б.Д. (21) од Охрид, при што бил нарушен јавниот ред и мир.

По целосно документирање на настанот, против инволвираните лица ќе бидат поднесени соодветни пријави, информира Стефан Димоски од СВР Охрид.

Извор: СВР Охрид, фото: архива

StrugaOnline

error: