Уште една 61-ва жртва на трагедијата во Кочани
Почина уште еден од повредените во трагедијата во кочанската дискотека „Пулс“. Бил на лекување во Литванија.
Повеќе детали наскоро се очекува да соопшти министерот за здравство Арбен Таравари.
Ова е 61-ва жртва во пожарот. Во петокот, на тешките повреди здобиени во пожарот во „Пулс“ им подлегна и Александар Карадакоски кој исто така се лекуваше во Литванија. Неговото тело вчера е донесено во Македонија а утре ќе биде погребан во Кочани.
StrugaOnline

