Лев банер Десен банер

Утрово четиригодишно дете донесено во тешка состојба во Струшката болница, починало на Детското одделение

На 02.02.2025 година во 09.50 часот, од страна на медицински лица од Општата болница во Струга е пријавено дека, на детското одделение во болницата било донесено 4 годишно дете од Струга кое извесно време било во тешка здравствена состојба и кое, и покрај итно укажаната медицинска помош, починало.

Во координација со јавен обвинител, се преземаат мерки за целосно расветлување на настанот.

Извор: СВР Охрид, фото: архива

StrugaOnline

error: