Во атарот на селото Модрич и шумските појаси на Јабланица пронајден пиштол во близина на оставено патничко возило

- Локални, Хроника
1554
На 15.05.2025, при контрола и надзор на граничната линија со Република Албанија, извршена со дрон во атарот на струшкото село Модрич и шумските појаси на планина Јабланица, полициски службеници од Регионален центар за гранични работи Запад во импровизиран објект забележаа патничко возило „мицубиши” со албански национални ознаки. При преглед на теренот, во близина на возилото пронајден е пиштол „Берета”, кој е подигнат за понатамошна постапка.
Увид на местото извршија полициски службеници од ОВР Дебар и во координација со јавен обвинител се преземаат мерки за расчистување на настанот.
Извор: СВР Охрид, фото: архива
StrugaOnline

Facebook Коментари