Во Мислешево возач на камион со дрва пробал да избега од Полиција при што изгубил контрола

- Локални, Хроника
1903

На 24.04.2025 во 01 часот, на локален пат во атарот на струшкото село Мислешево, полициски службеници од Полициската станица за безбедност во патниот сообраќај при ОВР Струга, затекнале товарно возило „застава“ без регистарски ознаки, во кое се превезувало огревно дрво.

Откако ги видел полициските службеници, возачот ја зголемил брзината и тргнал со возилото кон полициските службеници кои се обиделе да го сопрат, при што изгубил контрола, излетал од патот и удрил во паркирано возило „форд сиера“ со струшки регистарски ознаки.

Возачот и уште две лица од возилото го напуштиле местото, по што возилото и огревното дрво се предадени на Шумската полиција.

ОВР Струга презема мерки за расветлување на настанот,  по што ќе биде поднесена соодветна пријава.

Извор: СВР Охрид, фото: архива

StrugaOnline

Facebook Коментари