Во Охрид почина 17-годишно момче-обдукцијата ќе ги открие причините за смртта

- Локални, Хроника
1080

Охрид е потресен од ненадејната смрт на 17-годишно момче кое паднало на улица, а кога било пренесено во болница, лекарите констатирале смрт. Обдукцијата ќе покаже од што починало момчето.

„На 01.08.2018 година околу 23 часот и 30 минути, во Општата болница во Охрид, пренесено е починато лице. Според насоки на Јавниот обвинител, преземени се мерки при што е утврдено дека се работи за малолетно лице од Охрид на 17 годишна возраст  кое   претходно се движел по улицата „Марко Цепенков“ со уште неколку негови другари.  Во еден момент истиот паднал на улица а потоа е пренесен во Општата болница Охрид каде што е констатирана смрт. По наредба на Јавен обвинител, врз телото на сега починатиот ќе биде извршена обдукција.“ – информираат од СВР Охрид на оваа тема.

Strugaonline

 

 

 

Facebook Коментари