Во Полициската станица Струга извршен службен разговор со лица од Центар Жупа за претходна меѓусебна пресметка

- Локални, Хроника
567

На 16.06.20225 и 17.06.2025 во Полициската станица Струга бил извршен службен разговор со Д.М.(35), Р.И.(32), Б.Ш.(49) и Б.М.(44), сите од Центар Жупа, постапувајќи по претходна пријава дека околу 15.00 часот во с.Ржаново, струшко, го нарушиле јавниот ред и мир со меѓусебна физичка пресметка.

По целосно документирање на случајот, ќе биде поднесена соодветна пријава.

Извор: СВР Охрид, фото: архива

StrugaOnline

Facebook Коментари