Во Струга приведен државјанин на Албанија кој под дејство на алкохол го нарушил јавниот ред и мир

- Локални, Хроника
289

На 13.05.2025 во  22.45 часот, полициски службеници од ОВР Струга го приведоа албанскиот државјанин Р.Л.(28), кој под дејство на алкохол го нарушил јавниот ред и мир со недолично однесување на улицата „Партизанска”, а потоа и кон вработени во Медицинскиот центар во Струга.

По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Извор: СВР Охрид, фото: архива

StrugaOnline

Facebook Коментари