Во Струга приведен возач кој управувал возило и покрај забрана
На 06.10.2026 во 09:30 часот, полициски службеници од ОВР Струга од слобода го лишија А.А.(32) од струшкото село Поум. При контрола во сообраќајот извршена на улица „Пролетерски бригади” во Струга, било сопрено патничко возило „ауди” со тетовски регистарски ознаки и притоа било констатирано дека А.А. го управува возилото иако имал активна забрана за управување на моторно возило од „Б” категорија. По насоки на јавен обвинител, возилото е одземено и по целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Извор: СВР Охрид, фото: архива
StrugaOnline

