Во Струга приведени лице од Тетово и три странски државјани осомничени дека нападнале полицаец на спортски натпревар

- Локални, Хроника
404

На 19.04.2025 во 18 часот во ОВР Струга лишени од слобода се Е.Д.( 28) од Тетово, Ш.Т.(25) од Турција, со привремен престој во Скопје, А.Д.(25) од Сенегал, со привремен престој во Гостивар и германскиот државјанин А.А.(31). Тие се сомничат дека за време на спортски натпревар одржан на 19.04.2025 во Струга, сториле кривични дела „напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста” и „спречување на службено лице при вршење на службени дејствија”.

По целосно документирање на настанот, против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Извор: СВР Охрид, фото: архива

StrugaOnline

Facebook Коментари