Во струшката болница донесена почината 75 годишна жена од Гостивар

- Локални, Хроника
1366

На 27.02.2025 во 19.06 часот во полициската станица Струга, пријавено е дека во Медицински центар Струга била донесена почината Д.И.(75) од Гостивар, која престојувала во приватен сместувачки капацитет во Струга.

Увид на местото извршила екипа од Полициската станица Струга, а смрт без траги на насилство констатирал лекар од Итна медицинска помош.

По наредба на јавен обвинител, телото на починатата било дадено на обдукција.

Извор: СВР Охрид, фото: архива

StrugaOnline

Facebook Коментари