Во струшкото село Октиси возач удрил во бетонски столб, возел со 1,93 промили алкохол во крвта

- Локални, Хроника
610

На 24.07.2025 во 02.20 часот, во ОВР Струга е пријавено дека, на локален пат во струшкото село Октиси, патничко возило „рено” со струшки регистарски ознаки, управувано од М.Ш., удрило во бетонски столб, по што возачот бил пренесен во Општата болница во Струга.

По извршено алкотестирање, утврдено е дека тој возилото го управувал со 1,93 промили алкохол во крвта, по што против него ќе биде поднесена кривична пријава по член 297 од Кривичниот законик „безобѕирно управување моторно возило”.

Извор: СВР Охрид, фото: архива

StrugaOnline

Facebook Коментари