Во вчерашната незгода на автопатот Кичево-Охрид, повреден 52-годишен градежен работник од Кина

- Локални, Хроника
456

На 03.06.2025 во 07.25 часот во СВР Охрид е пријавено дека О.З.(52) од Кина, при изведување градежни работи на автопатот во изградба Кичево-Охрид, кај селото Требеништа, општина Дебрца, паднал од дрвена платформа.

Тој е пренесен во болницата „Св.Еразмо” во Охрид каде му се констатирани тешки телесни повреди опасни по живот.

Увид на местото извршија екипа од СВР Охрид и трудови инспектори.

Извор: СВР Охрид, фото: архива

StrugaOnline

Facebook Коментари