Возач на Брза пошта од Струга сам си наплатил две плати од сопственикот

- Хроника
898

policija6-640x360

24-годишниот Н.К. од Струга заработи кривична пријава поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „затајување“.

На 20-ти овој месец, во Полициската станица во Струга, од страна на Н.С. е пријавено затајување на парични срества подигнати од брза пошта во фирма за брза пошта од Струга, од страна на пријавениот кој бил вработен како возач, со што причинил материјална штета на фирмата од 56.000 денари.

Полициски службеници извршиле разговор со пријавениот при што истиот го признал делото и посочил дека го извршил затоа што бил револтиран од сопственикот, заради неисплатени две месечени плати. На тој начин сакал да ги принуди да му го исплатат заостанатиот долг кон него.

Извор: МВР

Facebook Коментари